Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед сер Алекс Фергусон го соопшти иделаниот состав од играчи кој тој ги тренирал во пребогатата 26 годишна кариера како прв човек на стручниот штаб на „црвените ѓаволи“,
Изненадувачки е што во него ги нема носителите на игратаие сос во различните селекции низ годините и секако капитените на тие состави Дејвид Бекам, Немања Видиќ и Вејн Руни кој се искачи на третото место на листата на стрелци во Премиер лигата во историјата.
Фергусон во текот 26 кариера во Манчестер освои 38 титули вклучувајќи ги двете во Лигата на шампионите. Тој го објави списокот во формација 4-4-2 каде на голот би бил неприкосновениот Данец Питер Шмајхел.
Во одбранбениот ред се Гери Невил, Денис Ирвин, Јап Стам и Рио Фердинанд. Во средината се Рој Кин, Пол Сколс, Рајан Гигс и Кристијано Роналдо, а нападот го предводат Ерик Кантона и Руд Ван Нистелрој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.