| четврток, 6 декември 2018 |

Жозе Мурињо сака да биде како сер Алекс Фергусон

Жозе Мурињо и неговиот Манчестер Јунајтед на 8 август ќе гостуваат во Скопје и ќе играат за првиот трофеј во новата сезона, Суперкупот на Европа.

Португалскиот стратег минатата сезона конечно си ја исполни желбата и застана на клупата на „црвените ѓаволи“, а сега вели дека е подготвен да остане на тоа место во наредните 15 години.

– Спремен сум за ова, да останам во Јунајтед наредните 15 години. Морам да признаам дека тоа е тешко, поради големиот притисок врз тренерите. Јас сакам да докажам дека мојата работа е повеќе од резултатите, кои ги постигнува тимот за време на викендите. Не планирам да го достигнам Сер Алекс Фергусон, бидејќи тоа е невозможно. Мислам дека Венгер ќе биде последниот тренер со таква приказна. Во денешно време успехот е најважен. Ако си успешен, ќе останеш, ако не, ќе си заминеш од тренерското столче – изјави Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top