| четврток, 6 декември 2018 |

Секој ден го славам животот – разговор со преживеаниот стјуард во несреќата на Палер

5 март 1993 година - се сруши авион на Палер. Само 14 ја пре­жи­ве­а­ја несреќата. Само еден Македонец - стјуардот Зоран Ацковски. 5 март 2013 - Ацковски зборува за стравот со кој се соочил, за моментот на несреќата, за годините подоцна...

Пет­ти март ве­ро­јат­но е еден од нај­ло­ши­те, но и нај­среќ­ни де­но­ви во жи­во­тот на Зо­ран Ац­ков­ски, стју­ар­дот што ја пре­жи­веа не­сре­ќа­та на „фо­ке­рот“ на „Па­лер Ма­ке­до­ни­ја“, што се слу­чи пред два­е­сет го­ди­ни. Де­нес, по две децении, Зо­ран ве­ли:

Пет­ти март со мо­е­то се­мејс­тво ве­ќе 20 го­ди­ни го од­бе­ле­жу­ва­ме ка­ко ден ко­га сум по­ми­нал низ ед­но го­ле­мо иску­ше­ние и ка­ко ден за по­чит кон си­те ко­ле­ги и пат­ни­ци што не ја пре­жи­ве­а­ја  не­сре­ќа­та. Се­кое пре­жи­ву­ва­ње пад на ави­он е чу­до.

Иа­ко не са­ка мно­гу да збо­ру­ва за тоа мар­тов­ско утро, на­ша­та упор­ност да го нај­де­ме и да по­раз­го­ва­ра­ме со чо­ве­кот што има­ше сре­ќа во не­сре­ќа да­де плод. По­и­на­ку гле­да на жи­во­тот. Го сла­ви жи­во­тот се­којд­нев­но. Му се ра­ду­ва на се­кој нов ден…

До коб­ни­от ден имал по­ве­ќе од 100 ле­та  или 400 ча­са лет. И де­нес на тој пер­и­од од жи­во­тот гле­да ка­ко на ед­но пре­крас­но искус­тво за млад чо­век.

Мо­ја­та при­каз­на со ле­та­ње­то за­поч­на во 1992 го­ди­на. Се вра­бо­тив ка­ко член на по­мо­шен ле­тач­ки пер­со­нал,од­нос­но стју­ард во пр­ва­та ма­ке­дон­ска ави­о­ком­па­ни­ја „Па­лер“.  Во се­та таа кри­за и бло­ка­ди имав­ме мож­ност да ко­му­ни­ци­ра­ме со „нор­мал­ни­от дел од Евро­па“, што ме др­же­ше во на­деж де­ка еден ден и во на­ша­та мла­да др­жа­ва ќе има­ме мож­ност да ужи­ва­ме во исти­те при­до­би­вки. Па­лер мно­гу бр­зо ја об­но­ви сво­ја­та фло­та со но­ви ави­о­ни од ти­пот „фо­кер 100и, на­ви­сти­на, бе­ше пре­стиж да ра­бо­ти­ме на тие ави­о­ни. Мно­гу по­до­бри ле­та­ла од тие што ги имав­ме прет­ход­но – ру­ски „то­по­љев 154 – се при­се­ту­ва Ац­ков­ски на сво­и­те по­че­то­ци.

5 март 1993 го­ди­на

Де­нот бе­ше нај­о­би­чен ден за ра­бо­та. Го имав­ме вто­ри­от лет за Ци­рих, полетувавме во 12.00 ча­сот. Не­мав­ме на­пра­ве­но по­ве­ќе од 30 ле­то­ви со тој ави­он. Бе­ше нов. Го до­бив­ме во фе­вру­а­ри. Иа­ко тем­пе­ра­ту­ра­та бе­ше по­ви­со­ка од ну­ла­та, па­ѓа­ше снег. Ние ка­ко еки­паж ги за­вр­шив­ме си­те не­оп­ход­ни под­го­то­вки за полетување и сѐ се од­ви­ва­ше во нор­ма­лен ред до мо­мен­тот на полетување – рас­ка­жу­ва стју­ар­дот, кој и де­нес ра­бо­ти во ави­о­ком­па­ни­ја.

Со­се­ма слу­чај­но, спо­ред рас­по­ре­дот му се по­го­ди­ло да се­ди во зад­ни­от дел од ле­та­ло­то.  Ве­ли не­ма пра­ви­ло де­ка си по­без­бе­ден во зад­ни­от дел од ави­о­нот. Мо­же­би, зад­ни­от дел амор­ти­зи­ра, но тоа не зна­чи ни­што.

paler avion 1Ави­о­нот зе­ма­ше не­о­бич­но долг за­лет пред да се од­ле­пи од зем­ја­та. Јас и тој мо­мент го про­тол­ку­вав ка­ко нор­ма­лен, но во мо­мен­тот ко­га ави­о­нот се од­ле­пи од пи­ста­та, на­ста­на сил­на ви­бра­ци­ја во ка­би­на­та. Зна­ев­ме де­ка не­што не е во ред. На­ста­на и ма­ла па­ни­ка ме­ѓу пат­ни­ци­те. Вик­нав „Мир, мир“. Не знам да­ли тоа бе­ше по­ве­ќе за да се сми­рам се­бе­си или оче­ку­вав да се сми­рат… Ми се чи­не­ше де­ка трае дол­го. По­тоа, по не­сре­ќа­та ви­дов де­ка се ра­бо­ти за са­мо шест се­кун­ди.  Ави­о­нот се на­ва­ли ек­стрем­но на ле­ва­та стра­на, ја до­пре зем­ја­та со кри­ло­то и на­ста­на експ­ло­зи­ја. Сле­ду­ва­ше по­жар. Во ле­та­ло­то има­ше нај­мал­ку шест-се­дум то­ни го­ри­во. Го гле­дав ог­нот ка­ко до­а­ѓа кон ме­не… Таа сли­ка не се за­бо­ра­ва. Пла­ме­нот бе­ше до ме­не. Сре­ќа што оста­нав све­сен. Ог­нот се пов­ле­че, ве­ро­јат­но во мо­мен­тот ко­га на­ста­на тре­со­кот ог­нот, на не­кој на­чин, се пов­ле­че. Но, има­ше чад на­се­ка­де. Ве­ро­јат­но ќе се за­ду­шев во тој чад. Мо­мен­тот ко­га се сми­ри, иа­ко бев во не­при­род­на по­лож­ба, ус­пе­ав да го од­вр­зам си­гур­нос­ни­от по­јас. Опа­шка­та на ави­о­нот бе­ше од­во­е­на од тру­пот, има­ше про­стор за да из­ле­зам над­вор од ави­о­нот што го­ре­ше. Не­ма­ше мно­гу за спа­су­ва­ње. Има­ше не­кол­ку­ми­на  на­о­ко­лу што беа жи­ви. Им по­мог­нав. Не­ма­ше мно­гу што да се на­пра­ви… тоа бе­ше огро­мен оган – ве­ли еден од че­ти­ри­на­е­сет­те пре­жи­ве­а­ни во не­сре­ќа­та, кој не са­ка да збо­ру­ва за де­та­ли од не­сре­ќа­та и за страш­на­та сли­ка што ја ви­дел, пред сѐ, по­ра­ди се­мејс­тва­та на тие што не го пре­жи­ве­а­ја па­дот на ави­о­нот.

Тој е единс­тве­ни­от Ма­ке­до­нец пре­жи­ве­ан во не­сре­ќа­та. Дел од пре­жи­ве­а­ни­те пат­ни­ци би­ле од Ко­со­во, дел од Ср­би­ја и гер­ман­ски по­ли­цај­ци, кои еден ден прет­ход­но до­не­ле при­тво­ре­ник. Стју­ар­дот не знае од ка­де ја до­бил си­ла­та да се спро­тив­ста­ви на тоа што се слу­чу­ва­ло пред не­го­ви­те очи:
Во мо­мен­тот ко­га се слу­чу­ва та­кво не­што, пр­во што по­мис­лу­ва­те е де­ка не го при­фа­ќа­те ка­ко факт тоа што ви се слу­чу­ва. Вто­ра по­мис­ла во мо­мен­тот ко­га ка­би­на­та од ави­о­нот се на­пол­ни со оган бе­ше де­ка имам си­ла да му се спро­тив­ста­вам ду­ри и на ог­нот што ја  про­гол­та це­ла ка­би­на. Ве­ру­вај­те де­ка тоа не е си­ла што ја има чо­век во нор­мал­ни си­ту­а­ции, ту­ку ка­ко не­кој при­та­ен штит што из­ле­гу­ва од те­ло­то и ве за­шти­ту­ва во мо­мен­тот ко­га сте све­сен де­ка до вас го­рат и експ­ло­ди­ра­ат не­кол­ку то­ни ке­ро­зин и сте во ави­он што це­лос­но е уни­штен.

По­мо­шта при­стиг­на­ла мно­гу бр­зо. Стиг­на­ле еки­пи на АРМ, ка­ко и хе­ликоп­тер на УНПРЕДЕП -пос­ма­трач­ка ми­си­ја на ОН. Зо­ран не бил по­вре­ден. Се по­мис­лил да­ли да се ка­чи во хе­ли­коп­те­рот, но чув­ству­вал об­вр­ска кон се­мејс­тво­то, кое, си­гур­но, би­ло во па­ни­ка:
avion paler1Од ави­о­нот из­ле­гов не­по­вре­ден и вед­наш, со хе­ли­коп­тер, бев пре­не­сен во Во­е­на бол­ни­ца. Не бе­ше баш при­јат­но чув­ство­то да се ка­чиш во хе­ли­коп­тер вед­наш по пре­жи­ве­а­на ави­он­ска не­сре­ќа, но по­тре­ба­та да стиг­нам до те­ле­фон и да им се ја­вам на мо­и­те бли­ски де­ка сум здрав и жив бе­ше по­сил­на од сѐ. Бр­зав да стиг­нам. Не стиг­нав да му се ја­вам прв на та­тко ми. Тој бе­ше вра­бо­тен во МВР и за не­сре­ќа­та доз­нал прет­ход­но. Зна­е­ше де­ка сум жив. По­тоа доз­нав де­ка до­де­ка сум ле­тал на си­те прет­ход­ни ле­то­ви, тие не мо­же­ле да зас­пи­јат до­де­ка не дој­дам до­ма. Ре­шив да не ле­там ве­ќе, за­ед­нич­ка ни бе­ше од­лу­ка­та.


Ме спа­си св. На­ум Охрид­ски

Зо­ран ре­шил да би­де стју­ард по вра­ќа­ње­то од вој­ска. Во вре­ме на тран­зи­ци­ја, би­ло те­шко да се пре­жи­вее. Ви­дел кон­курс, се при­ја­вил, а исто­вре­ме­но се за­пи­шал и на фа­кул­тет. И по­крај стре­сот што го до­жи­ве­ал од оваа про­фе­си­ја не жа­ли што ста­нал стју­ард. Не­мал ни­ка­кви здрав­стве­ни проб­ле­ми по не­сре­ќа­та. Ко­га го од­не­ле во Во­е­на­та бол­ни­ца, вед­наш му би­ло из­ме­ре­но ни­во­то на ше­ќер во кр­вта. Сѐ би­ло нор­мал­но. До­кто­ри­те би­ле из­не­на­де­ни би­деј­ќи во ва­кви си­ту­а­ции ни­во­то на ше­ќер се по­ка­чу­ва­ло. Не­мал проб­ле­ми ни по­доц­на:
– Се ма­ни­фе­сти­ра­ат не­кои сли­ки, но не од тоа што се слу­чи та­му. Имав не­кој кош­мар по­тоа. Но, не­мам страв од ле­та­ње. Не мо­же се­кој да ра­бо­ти ка­ко стју­ард. Во се­кој слу­чај си во не­при­род­на сре­ди­на. Но, за ме­не тоа бе­ше при­род­на сре­ди­на и сѐ уште за ме­не ави­о­нот е при­род­на сре­ди­на. Раз­ли­ка­та е се­га што ле­там со мо­ја­та ќер­ка. Се­га е по­и­на­кво чув­ство­то, мо­же­би имам мал страв.

Не­го­ва­та ќер­ка има де­вет го­ди­ни. Не знае прем­но­гу за не­сре­ќа­та. Зо­ран не са­ка да ѝ рас­ка­жу­ва за да не ѝ влее страв од ле­та­ње. Па­ту­ва­ат че­сто. Не са­ка да дој­де во си­ту­а­ци­ја да не са­ка да се ка­чи во ави­он.

И ден де­нес сме­та де­ка го спа­сил св. На­ум Охрид­ски. Ве­ли, не мо­же да го тре­ти­ра ка­ко су­е­ве­рие тоа што 24 ча­са пред не­сре­ќа­та од цр­ква­та „Св. Ди­ми­три­ја“ ку­пил ма­ла ико­на од св. На­ум Охрид­ски, но е си­гу­рен де­ка све­те­цот бил со не­го:
Мо­жам са­мо да ви ка­жам де­ка сум си­гу­рен де­ка све­те­цот бе­ше со ме­не во мо­мен­тот на не­сре­ќа­та и сум му веч­но бла­го­да­рен по­ра­ди тоа. Ре­дов­но па­лам све­ќа в цр­ква на ико­на­та на овој све­тец, одам во Охрид на тој праз­ник, до­кол­ку сум во мож­ност. Тре­ба да го зе­мам за до­маш­на сла­ва вер­ски­от праз­ник Св. На­ум.

Сме­та де­ка пре­бро­дил го­ле­мо иску­ше­ние и сме­та де­ка сен­зи­тив­но­ста за раз­лич­ни споз­на­ни­ја кај лу­ѓе што пре­жи­ве­а­ле ва­кви си­ту­а­ции е мно­гу по­сил­на и по­јас­на откол­ку кај оби­чен чо­век.

Се­пак, ќе ги за­др­жам за се­бе тие емо­ци­о­нал­ни и мо­мент­ни искус­тва што се все­ли­ја во мо­ја­та ду­ша во из­ми­на­ти­ве 20 го­ди­ни – ве­ли Ац­ков­ски.

По 30 де­на пак во ави­он

По не­сре­ќа­та до­нел од­лу­ка ве­ќе да не ра­бо­ти ка­ко стју­ард. Ве­ли, бе­ше бес­мис­ле­но да оста­нам и да го ра­бо­там тоа. Но, не се отка­жал од ави­о­ни­те и од ави­о­биз­ни­от. И де­нес сме­та де­ка ле­та­ње­то е по­без­бед­но од  во­зе­ње­то со авто­мо­бил. Не­ма пре­жи­ве­а­но со­о­бра­ќај­на нез­го­да, но тоа што го гле­да на ули­ца му е до­во­лен до­каз де­ка ле­та­ње­то е по­без­бед­но.

Да зе­ме­те да во­зи­те авто­мо­бил де­сет ча­са ќе има­те мно­гу по­ри­зич­ни си­ту­а­ции откол­ку  да ле­та­те де­сет ча­са во ави­он. Знам лу­ѓе што ни­ко­гаш не се ка­чи­ле во ави­он и ни­ко­гаш не­ма да се ка­чат и ги раз­би­рам. Тоа чув­ство на страв не мо­жеш да го кон­тро­ли­раш – ко­мен­ти­ра Ац­ков­ски.

Еден факт што ука­жу­ва на тоа де­ка лес­но се со­о­чил со пси­хич­ки­от мо­мент, со стра­вот од тоа што го пре­жи­ве­ал е фа­ктот де­ка мно­гу на­бр­зо се ка­чил во ави­он. Се­ка­ко, пр­во ле­та­ње му би­ло со хе­ли­коп­те­рот со кој бил пре­не­сен по не­сре­ќа­та. Но по 30 де­на по­доц­на пак се ка­чил во ави­он. Са­кал са­ми­от да ви­ди да­ли мо­же или не. Ле­тал за Фран­кфурт на од­мор.

– Мо­жам да ка­жам де­ка се чув­ству­вав удоб­но ка­ко и се­кој друг пат­ник што ле­та и чув­ству­ва ма­ла пси­хо­за ко­га се на­о­ѓа 10.000 ме­три над зем­ја­та – ве­ли тој.

Тој ве­ру­ва де­ка се­ка­де во све­тот се по­све­ту­ва вни­ма­ние на без­бед­но­ста на ле­та­ње и ис­прав­но­ста на ле­та­ла­та. Кај нас е на­пра­ве­на ба­нал­на гре­шка, а не тех­нич­ка – не би­ле до­вол­но ис­пр­ска­ни крил­ја­та на ави­о­нот.

Тој тип ави­он го ко­ри­сти „Ау­стри­јан ер­лајнс“ и де­нес. Че­сто до­а­ѓа во Скоп­је. Гле­дам ка­ко му при­о­ѓа­ат. Не го пр­ска­ат. Бу­квал­но, го ба­ња­ат. Тоа е та­ков тип ави­он што мно­гу лес­но фа­ќа мраз. Но, то­гаш бе­ше нов, сѐ уште не го зна­е­ле тоа. Пи­ло­тот Вла­до Стој­чев, кој за­ги­на во не­сре­ќа­та, не­кол­ку де­на пред ле­тот др­же­ше пре­да­ва­ња. Ре­че : Оваа кни­га е за­кон за воз­ду­хоп­лов­ство и за си­те за­ко­ни. Таа е со крв на­пи­ша­на. И се слу­чи ова… Но, во тоа вре­ме… Да зна­ев што се слу­чу­ва­ло, ка­ко се ра­бо­те­ло, ве­ро­јат­но не­ма­ло да ста­нам стју­ард. Но, бев прем­но­гу млад. Имав са­мо 21 го­ди­на – до­да­ва стју­ар­дот.

Од де­не­шен ас­пект, ве­ли, мно­гу ра­бо­ти се про­ме­не­ти, и ни­ко­гаш не тре­ба да се за­бо­ра­ви фа­ктот де­ка на те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја во овие 20 го­ди­ни се слу­чи­ја не­кол­ку ави­он­ски не­сре­ќи со тра­гич­ни пос­ле­ди­ци – пад на укра­ин­ски­от кар­го-ави­он, ави­о­нот во кој бил тој, пад на ави­он на „Ави­о­им­пекс“ во бли­зи­на на Охрид, пад на ар­ми­ски хе­ли­коп­тер.

Во ави­он­ска не­сре­ќа за­ги­на и на­ши­от пре­тсе­да­тел, со ави­он што лет­на од Ма­ке­до­ни­ја. Мис­лам де­ка не­ма дру­го ме­сто во Евро­па ка­де што на тол­ку ма­ла те­ри­то­ри­ја се слу­чи­ле тол­ку тра­гич­ни ави­он­ски не­сре­ќи  со го­ле­ма чо­веч­ка и ма­те­ри­јал­на за­гу­ба и се на­де­вам де­ка ве­ќе ни­ко­гаш не­ма да би­де­ме све­до­ци на та­кви на­ста­ни – за­вр­шу­ва чо­ве­кот, кој, ве­ро­јат­но, жи­вее втор жи­вот.

focker

Што се слу­чи со „фо­кер 100“

Го па­ме­ти­ме  „фо­кер 100“, ле­та­ло на ком­па­ни­ја­та „Па­лер Ма­ке­до­ни­ја“… Се­га во Ма­ке­до­ни­ја не­ма наш ави­он… Но, „фо­кер 100“ Не­ма­ше мно­гу ле­то­ви. По не­полн ме­сец од пр­ви­от лет го има­ше пос­лед­ни­от лет. Коб­ни­от ден има­ло  97 пат­ни­ци и чле­но­ви на еки­па­жот. За­ги­наа 84. При­чи­на за не­сре­ќа­та е за­мрз­ну­ва­ње­то на кри­ла­та, пре­диз­ви­ка­но од кон­ден­за­ци­ја­та што се соз­да­ла при до­пол­ну­ва­ње­то на го­ри­во­то во кри­ла­та. За­мрз­на­ти­те кри­ла ја на­ру­ши­ле ае­ро­ди­на­ми­ка­та.  Ле­та­ло­то стиг­на­ло во Скоп­је утро­то во 9 ча­сот и 40 ми­ну­ти. Сле­тал од Фран­кфурт. Трг­нал за Ци­рих…  По две се­кун­ди по од­во­ју­ва­ње­то од зем­ја­та, „фо­ке­рот“ поч­нал сил­но да ви­бри­ра. Кра­јот на дес­но­то кри­ло за­ка­чил во зем­ја, на 382 ме­тра од­да­ле­че­ност од пи­ста­та. Кри­ло­то се од­во­и­ло, по што ре­зер­во­а­рот експ­ло­ди­рал, а тру­пот се скр­шил на три де­ла. Ин­же­не­рот, кој бил од „Сви­сер тех­ник“, кој ве­ро­јат­но ја вр­шел кон­тро­ла­та пред лет­ну­ва­ње­то бил во ави­о­нот. Би­деј­ќи се ра­бо­те­ло за но­во ле­та­ло, мо­рал да го сле­ди ави­о­нот. И тој, ка­ко и ка­пе­та­нот, за­ги­на­ле во не­сре­ќа­та.

Пи­шу­ва: Бил­ја­на За­фи­ро­ва
Фо­то: Игор Ан­ге­лов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top