| четврток, 6 декември 2018 |

Каква чест за Стојаковиќ, Сакраметно го повлекува дресот со број 16

Српскиот кошаркар Предраг Стојаковиќ е почестен од неговиот поранешен клуб во НБА лигата Сакраменто Кингс. Управата на клубот одлучи да го повлече дресот со број 16 во чест на Србинот.
Стојаковиќ играше за клубот осум години во период од 1998-2006 година и постигна 9498 поени и 1070 тројки. Двапати беше ол-стар играч во 2002 и 2004 година и двапати го освојуваше натпреварувањето во шутирање тројки на ол-стар викендот.
Предраг Стојаковиќ не успеа со Сакраменто да дојде до шампионскиот прстен бидејќи секогаш кога играше во финалето на западната конференција беше спречен од фантастичните ЛА Лакерс. Негови соиграчи во осугодишната кариера во Сакраменто беа одличните Владе Дивац, Крис Вебер, Мајк Биби, Џејсон Вилијамс.
Сепак Стојаковиќ успеа да го освои НБА шампионатот но со тимот на Далас Маверикс во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top