| четврток, 6 декември 2018 |

Теодосиќ сеуште се мисли за НБА, ќе одлучи дури по завршувањето на сезоната

milos-teodosic

По освоеното трето место на завршниот турнир во Истанбул, Милош Теодосиќ изјави дека во наредните три недели ќе одлучи за потенцијалниот трансфер во НБА лигата.

Неговиот договор со ЦСКА Москва истекува на 1 јули, по што ќе стане слободен агент, што го привлече вниманието на неколку екипи од најсилната кошаркарска лига во светот.

Сакраменто е една од екипите која се заинтересира за српскиот плејмејкер, а фактот што таму работи Владе Дивац би можел да биде клучен за негова преселба преку океанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top