Веќе два дена главна спортска тема во американските медиуми беше неочекуваната размена на Демаркус Казинс од Сакраменто Кингс во Њу Орлеанс, а синоќа одличниот кошаркар со емотивен говор и солзи на очите се прости од своите верни фанови.
– Мојата љубов кон овој град никогаш нема да се промени. Бидете сигурни дека јас и понатаму ќе се грижам за сите деца кои ме сметаат за нивни идол. Секоја фамилија во овој град, како и секоја душа е важна за мене. Сè ќе остане исто, единствено само тоа што нема да го носам дресот на Сакраменто, што е во ред, бидејќи некогаш нема да престанам да го сакам овој клуб – истакна Казинс.
My friend got transferred to another city because of his job. He had some things to say. Rough to watch. pic.twitter.com/iBRyMf1UP7
— Carmichael Dave (@CarmichaelDave) February 21, 2017
За Казинс екипата на Сакраменто ќе ги добие Бади Хилд, Тајрик Еванс, Ленгстон Геловеј и неколку пикови од првата и втората рунда на драфтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)