| четврток, 6 декември 2018 |

Кливленд без проблеми со Минесота, Казинс постигна 40 во победата над Лејкерс (видео)

klivlend

Актуелниот шампион Кливленд славеше на гостувањето против Минесота со 116-108 во еден од трите синоќешни дуели во НБА лигата.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг предводеа во победата на Кливленд, Џејмс со 25 поени, 14 асистении и осум скока, додека Ирвинг имаше 25 поени и седум асистенции.

Далеку најефикасен кај домашните беше Ендрју Вигинс со 41 постигнат поен, додека Карл Ентони Томас на своето конто имаше 26 поени и осум скока.

Кошаркарите на Сакраменто на гости славеа против ЛА Лејкерс со 97-96, во фантастичен натпревар на ДеМаркус Казинс кој постигна 40 поени, дополнети и со 12 скока и осум асистенции. Кај домашните се истакна Лоу Вилијамс со 29 поени и пет асистенции.

Чикаго го заборави неуспехот во неделата и го победи Торонто со 105-94. Прво име во домашната екипа беше МекДермот со 20 поени, а Џими Батлер запиша 19 поени. и 12 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top