| четврток, 6 декември 2018 |

Дивац направи потег што никој не го очекуваше, го испрати Казинс во Њу Орлеанс

Менаџерот на Сакраменто Кингс Владе Дивац, ја изненади јавноста со размената на Демаркус Казинс со Њу Орлеанс за тројца играчи и неколку избори на престојниот драфт.

Пред неколку дена Казинс најави дека нема намера да го напушти Сакраменто, а се претпоставуваше дека тимот по завршувањето на сезоната ќе му понуди нов петгодишен договор вреден 225 милиони долари.

Сакраменто за Казинс ги добива Бади Хилд, Тајрик Еванс, Ленгстон Геловеј и неколку пикови од првата и втората рунда на драфтот.

Њу Орлеанс ќе му понуди нов договор на Казинс, кој за соиграч ќе го има Ентони Дејвис МВП играчот на синоќешниот Ол-стар. Двајцата центри имаат одлична сезона реализирајќи повеќе од 25 поени во просек.

Дали ќе се снајдат двајцата во рекетот како што тоа го сторија „кулите близначки“ на Сан Антонио (Робинсон и Данкан) останува да видиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top