Бројот на невработени во Шпанија во февруари надмина пет милиони лица, поради забавувањето на четвртата по големина економија во еврозоната и воведувањето мерки за штедење, соопшти шпанското Министерство за труд. На месечно ниво е зголемен за над 59 илјади или 1,9 проценти, на 5,04 милиони.
Вкупниот број на невработени во четвртиот квартал на 2012 година изнесува 26,02 проценти, што е највисоко ниво од 1975 година. Шпанија се соочува со двојна рецесија, бидејќи се уште не е целосно заздравена од падот на пазарот на недвижности во 2008 година. Конзервативната влада на премиерот Маријан Рахој спроведе остро намалување на потрошувачката и зголемување на даноците со цел да оствари заштеда од 150 милијарди евра во периодот меѓу 2012 и 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето