| четврток, 6 декември 2018 |

5 милиони невработени Шпанци

spanija nevraboteniБројот на невработени во Шпанија во февруари надмина пет милиони лица, поради забавувањето на четвртата по големина економија во еврозоната и воведувањето мерки за штедење, соопшти шпанското Министерство за труд. На месечно ниво е зголемен за над 59 илјади или 1,9 проценти, на 5,04 милиони.

Вкупниот број на невработени во четвртиот квартал на 2012 година изнесува 26,02 проценти, што е највисоко ниво од 1975 година. Шпанија се соочува со двојна рецесија, бидејќи се уште не е целосно заздравена од падот на пазарот на недвижности во 2008 година. Конзервативната влада на премиерот Маријан Рахој спроведе остро намалување на потрошувачката и зголемување на даноците со цел да оствари заштеда од 150 милијарди евра во периодот меѓу 2012 и 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top