Раководството на англискиот премиерлигаш Тотенхем се соочува со сериозни проблеми што ги сопираат плановите за реконструкција на стадионот, а проблем е обична ќебапчилница, лоцирана до „Вајт харт лејн“, фудбалскиот дом на Спарс.
Повеќе од седум години трае спорот меѓу Тотенхем и фирмата „Арчвеј шит метал воркс“, која има неколку дуќани непосредно до стадионот, меѓу нив и една ќебапчилница. Работата стаса до суд, откако двете страни долго време не можат да ја договорат висината на отштетата што раководството на Тотенхем би требало да му ја плати на сопственикот на „Арчвеј“ за да не пречи во реконструкцијата на стадионот.
Од таборот на Спарс се оптимисти, а ако навреме почне реконструкцијата на „Вајт харт лејн“, тогаш клубот една сезона до 2017/18 ќе мора да игра на друг стадион. И тука има проблем, бидејќи тимот од северен Лондон побара да игра на националната арена „Вембли“, но беше одбиен. На „Вембли“ има ограничен број на настани во текот на една година, а прецизните Англичани пресметале дека се доволни 37 натпревари или концерти, вкупно за да не се нарушува мирот во соседството.
Сепак, чаре за Спарс има и тие веројатно ќе ги играат натпреварите на стадионот на МК „Донс“, кој ијма капацитет од 32.000 гледачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение