| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во НАТО станала Југославија

Ма­ке­дон­ски­те вла­ди ре­чи­си де­сет го­ди­ни кри­јат де­ка ко­дот на др­жа­ва­ва во НАТО е про­ме­нет во FY и FYR, што е единс­твен слу­чај ка­де што е со­се­ма из­бри­шан збо­рот Ма­ке­до­ни­ја

Ма­ке­дон­ски­те ко­до­ви во НАТО се FY (former Yugoslavia – по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја) и FYR (former Yugoslav republic – по­ра­неш­на ју­гос­ло­вен­ска ре­пуб­ли­ка). Овој не­ве­ро­ја­тен по­да­ток стои во из­ве­шта­јот од со­ста­но­кот на За­ед­нич­ка­та раз­у­на­вач­ка гру­па во про­сто­ри­и­те на НСА (Аген­ци­ја на НАТО за стан­дра­ди­за­ци­ја), одр­жан од 7 до 12 април 2003 го­ди­на во Бри­сел, до­ку­мент што се­га е дек­ла­си­фи­ку­ван, а кој не­о­дам­на го до­би „Ре­пуб­ли­ка“.

За ва­ква­та про­ме­на на на­зи­вот на на­ша­та др­жа­ва до­се­га ни­е­ту ед­на др­жав­на ин­сти­ту­ци­ја не ја из­ве­сти­ла јав­но­ста и не е за­бе­ле­жа­на од ни­ту еден ме­ди­ум, иа­ко про­ме­на­та на ко­дот е ре­ги­стри­ра­на во ли­ста­та на ко­до­ви на др­жа­ви­те на НАТО об­ја­ве­на на ин­тер­нет-ен­цик­ло­пе­ди­ја­та „Ви­ки­пе­ди­ја“.

Ста­ну­ва збор за ко­до­ви што се ко­ри­стат во ин­тер­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја на Се­вер­но­ат­лант­ска­та али­јан­са­та, што го об­јас­ну­ва фа­ктот зо­што ова до­се­га оста­на не­поз­на­то за јав­но­ста, но ја по­ка­жу­ва и ми­зе­ри­ја­та на на­ши­те вла­сто­дрш­ци, кои ако не се под при­ти­сок на јав­но­ста, од­нос­но ако мо­жат да ра­бо­тат зад гр­бот на на­ро­дот, мно­гу лес­но при­фа­ќа­ат ва­кви по­ни­жу­ва­ња со име­то на др­жа­ва­та.

НАТО ги ко­ри­сти, по­точ­но ги пре­зе­ма исти­те ко­до­ви од ИСО (Ме­ѓу­на­род­на ор­га­ни­за­ци­ја за стан­дар­ди­за­ци­ја), ка­де што, да по­тсе­ти­ме, Ма­ке­до­ни­ја е член­ка и е оз­на­че­на со ко­до­ви­те MKD и МК.

Про­из­ле­гу­ва де­ка про­ме­на­та на ко­дот е на­пра­ве­на над­вор од си­те ме­ѓу­нар­до­ни до­го­во­ри, од­нос­но е при­фа­ќа­ње на бри­ше­ње на збо­рот Ма­ке­до­ни­ја без пре­се­дан. Ма­ке­до­ни­ја е при­ме­на во ООН ка­ко ФИРОМ (од што ка­де НАТО и ја цр­пи ле­ги­тим­но­ста за та­ка да нѐ на­ре­ку­ва), но Свет­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја ка­ко ко­до­ви за Ма­ке­до­ни­ја ги ко­ри­сти тие од ИСО, зна­чи МКД и МК, иа­ко ме­ѓу­на­род­на­та ор­га­ни­за­ци­ја за стан­дар­ди­за­ци­ја не дел од те­ла­та на ООН.

Во документите на НАТО е нејасно по чија наредба се прифатени кодовите, кои се различни од тие на Меѓународната организација за стандардизација, а кои се во употреба во алијансата

Ка­пе­та­нов ку­ка­вич­лак или на­ред­ба од Скоп­је?

Но, да оди­ме по ред. „Ре­пуб­ли­ка“ за­се­га ќе го оста­ви на­стра­на име­то на то­гаш­ни­от ма­ке­дон­ски ка­пе­тан пр­ва кла­са, кој учес­тву­вал на овој со­ста­нок на кој е при­фа­те­на про­ме­на­та на ко­дот, а кој, спо­ред Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на, ве­ќе не ра­бо­ти за нив. Во Вла­да­та ќе тре­ба да си про­ве­рат да­ли ка­пе­та­нот дејс­тву­вал по свое лич­но ви­ду­ва­ње (што е, на­ви­сти­на, не­ве­ро­јат­но би­деј­ќи Ар­ми­ја­та е стро­го хи­е­рар­хи­ска стру­кту­ра) или имал та­ква на­ред­ба од не­ко­го. Оваа не­јас­но­ти­ја про­из­ле­гу­ва од тек­стот во до­ку­мен­тот ка­де што се рас­пра­ва за ко­до­ви­те на др­жа­ви­те. Ни­ка­де не стои де­ка ма­ке­дон­ски­от ка­пе­тан оти­шол да се кон­сул­ти­ра со Скоп­је пред да ги при­фа­ти­те но­ви­те ко­до­ви за на­ша­ва зем­ја. Кон­крет­но, во из­ве­шта­јот за со­ста­но­кот на стра­на 19 стои:

DOSIE-14_1-strana-copy

DOSIE-14_19-strana-copy

„Ко­до­ви­те спо­ред ИСО за по­ра­неш­на­та ју­гос­ло­вен­ска ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се МКД и МК од кои и два­та се не­при­фат­ли­ви за GR (код за Гр­ци­ја). IT (код за Ита­ли­ја) пред­ло­жи не­воз­мож­ни­от проб­лем да се ре­ши со до­да­ва­ње на уште ед­на бу­ква за се­гаш­ни­от СТАНАГ 1059 (стан­дард за ко­до­ви за ге­о­граф­ски ен­ти­те­ти на НАТО), код FY. По по­го­ле­ма ди­ску­си­ја бе­ше по­стиг­на­та сог­лас­ност де­ка но­ви­от СТАНАГ 1059 ќе ги усвои ко­до­ви­те спо­ред ИСО со иск­лу­чок на по­ра­неш­на­та ју­гос­ло­вен­ска ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја ќе би­де прет­ста­ве­на со FYR. Исто та­ка се сог­ла­сив­ме де­ка IT ќе ја ис­пра­ти пред­лог-вер­зи­ја­та од Ос­мо­то из­да­ние на СТАНАГ 1059 до др­жа­ви­те до кра­јот на април 2003 го­ди­на. Др­жа­ви­те ќе ко­мен­ти­ра­ат по овој пред­лог до 1 ју­ни 2013 го­ди­на, по што IT ќе про­из­ве­де но­ва пред­лог-вер­зи­ја за на­та­мош­на ди­ску­си­ја на со­ста­но­кот во Ос­ло, Нор­ве­шка што ќе се одр­жи во октом­ври 2013 го­ди­на…“

Со дру­ги збо­ро­ви, ка­пе­та­нот при­фа­тил, а пред­ло­гот стиг­нал и до Скоп­је. Што тоа ко­мен­ти­ра­ле ма­ке­дон­ска­та вла­да или Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на на пред­лог-вер­зи­ја­та изра­бо­те­на од прет­став­ни­кот на Ита­ли­ја за­се­га оста­ну­ва не­поз­на­то.

Ни­кој не се по­тре­сол за ова

DOSIE-14_brane-bucko-mladiСпо­ред до­ку­мен­тот, но­ви­от код за Ма­ке­до­ни­ја вле­гол во си­ла во април 2004 го­ди­на, а до­де­ка се­то ова се слу­чу­ва­ло, април – октом­ври 2003 го­ди­на, Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на го ра­ко­во­де­ше Вла­до Буч­ков­ски, а Вла­да­та Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Ни­кој од двај­ца­та не по­мис­лил де­ка е по­треб­но да ја ин­фор­ми­ра јав­но­ста за ова. Да би­де па­ра­до­ксот по­го­лем, са­мо еден ме­сец пред со­ста­но­кот на НСА во Бри­сел, од За­во­дот за стан­дар­ди­за­ци­ја и за ме­тро­ло­ги­ја, со од­лу­ка на Вла­да, е фор­ми­ран ма­ке­дон­ски­от Ин­сти­тут за стан­дар­ди­за­ци­ја, кој вед­наш ста­на член­ка на ИСО, чи­и­што стан­дар­ди, пак, се­га ги пре­зе­ма НАТО. И при зач­ле­ну­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја во ИСО има­ло же­сто­ки ре­ак­ции на Гр­ци­ја, но ма­ке­дон­ски­те прет­став­ни­ци, се­пак, се из­бо­ри­ле да ко­до­ви­те за Ма­ке­до­ни­ја би­дат МКД и МК. Са­мо еден ме­сец по­доц­на, во Бри­сел, ве­ќе до­би­е­на­та би­тка за ко­до­ви­те е за­гу­бе­на во НАТО.

Кол­ку за по­тсе­ту­ва­ње, При­вре­ме­на­та спо­год­ба за име­то од 1993 го­ди­на во­оп­што не ја спре­чу­ва Ма­ке­до­ни­ја во ко­ри­сте­ње­то на ко­до­ви­те. Кон­крет­но, ова мо­же да се нај­де во па­ра­гра­фот 2 и во чле­нот 5:

„На Вто­ра­та стра­на (Ма­ке­до­ни­ја) ќе ѝ со обра­ќа­ат со ФИРОМ за си­те по­тре­би во рам­ки­те на Обе­ди­не­ти­те на­ции“.

Во чле­нот 5 на При­вре­ме­на­та спо­год­ба, ме­ѓу дру­го­то, се на­ве­ду­ва:

„Стра­ни­те ќе пре­зе­мат пра­ктич­ни мер­ки, вклу­чу­вај­ќи и ка­ко ќе се од­не­су­ва­ат во од­нос на до­ку­мен­та­ци­ја­та за да се од­ви­ва­ат нор­мал­ни тр­гов­ски и еко­ном­ски од­но­си ме­ѓу нив, на на­чин што е кон­зи­стен­тен со нив­ни­те рес­пе­ктив­ни по­зи­ции во од­нос на име­то на Вто­ра­та стра­на. Стра­ни­те ќе пре­зе­мат пра­ктич­ни мер­ки за раз­ли­ка­та во од­нос на име­то на Вто­ра­та стра­на што не­ма да ги спре­чу­ва ни­ту да се ме­ша во нор­мал­ни­те тр­гов­ски и еко­ном­ски вр­ски ме­ѓу Вто­ра­та стра­на и тре­ти стра­ни“.

МО: Вла­да­та не се сог­ла­си­ла со про­ме­на на ко­дот

И по­крај тоа што во до­ку­мен­тот на НАТО стои де­ка пред­ло­гот за но­ви­от код е до­ста­вен до си­те вла­ди, во од­го­во­рот од Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на до „Ре­пуб­ли­ка“ се твр­ди де­ка Вла­да­та на Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш не се сог­ла­си­ла за та­ков код. Ова е нив­ни­от од­го­вор во це­лост:

„Ко­до­ви­те за ге­о­граф­ски ен­ти­те­ти, на­ции и зем­ји во НАТО, али­јан­са­та ги има ре­гу­ли­ра­но со STANAG 1059 (Edition 8), под нас­лов „Letter codes for geographical entities“ кој ста­пи на си­ла на 1 април 2004 го­ди­на. Единс­тве­на­та цел на овој стан­дард е да ука­же на ко­до­ви­те што ќе се ко­ри­стат единс­тве­но во НАТО-кон­текст. За Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред STANAG 1059, одре­де­на­та оз­на­ка е во Анекс Б – при­вре­ме­ни ко­до­ви. Спо­ред тоа, во НАТО кон­текст одре­де­на е три­код­на­та оз­на­ка FYR. Во рам­ки­те на НАТО, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е на­ве­де­на ка­ко ’the Former Yugoslav Republic of Macedonia‘, со за­дол­жи­тел­на фус­но­та де­ка Ре­пуб­ли­ка Тур­ци­ја ја приз­на­ва Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја спо­ред неј­зи­но­то устав­но име. Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на по­со­чу­ва де­ка ни­ту Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ни­ту ли­ца од Ми­ни­стерс­тво­то не­ма­ат при­фа­те­но, ни­ту да­де­но сог­лас­ност за ко­ри­сте­ње на три­код­на­та оз­на­ка FYR за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, и исто­вре­ме­но твр­ди де­ка во кон­ти­ну­и­тет се пра­ват си­те на­по­ри пре­ку прет­став­ни­ци­те на РМ во НАТО (Ам­ба­са­дор, во­ен прет­став­ник) да се ко­ри­стат ме­ѓу­на­род­но приз­на­е­ни­те ISO оз­на­ки, од­нос­но MK или MKD“.

(текст објавен во 14. број на неделникот Република, 7 декември 2012)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top