| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски за Алсат М изјави дека на последната средба со претставниците на Алијансата немало особени забелешки и дека оценката е претежно позитивна.

Очекува. доколку се се одвива според планот, кон средината на јануари Македонија и официјално да може да учествува на сите средби на земјите членки на НАТО, но без право на глас, се додека Парламентите на државите од Алијансата не ги ратификуваат протоколите за членството на земјата во НАТО.

Пендаровски е оптимист дека Македонија ќе стане полноправна членка на овој привилегиран клуб западни земји на почетокот на 2020 година.

Дотогаш, земјата траба да ја поправи својата слика околу владеење на правото, да ги спроведе реформите во судството, и да ја зајакне борбата со корупцијата и организираниот криминал, особено на оној што ги тангира повисоките структури во општетсвото и политиката

НАТО препорача до зачленувањето на Македонија во Алијансата, да се изготви законска платформа за начинот на кој ќе функционира бебзбедносниот сектор, кој треба да се усогласи со функционалноста на НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top