| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе од САД излекувано од ХИВ

Бебе од Мисисипи во САД родено со ХИВ е излечено откако било лекувано со стандардни лекови. Двегодишното девојче речиси цела година е без лекарства и без знаци на инфекција, а ако така остане, тоа ќе биде втор случај во историјата што се излечил од ХИВ, објавува „Би-Би-Си“

Научниците прават многу тестови за да утврдат дали лекувањето ќе го има истиот ефект и врз други заразени деца.

Ова би можело да биде пресвртница во лекувањето на најмладите пациенти заразени од смртоносниот вирус.

–       Ова е доказ дека ХИВ може да се излекува кај доенчињата – изјавила доктор Дебора Персуад, виролог од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор.

Првиот човек во светот што целосно се излекувал од оваа болест е Тимоти Реј Браун. Неговата инфекција се верува дека е искоренета во 2007 година со лекови за леукемија кои му го уништиле имунолошкиот систем, а потоа му биле трансплантирани матични клетки од донатор со ретка генетска мутација отпорна на вирусот. Кај бебето, пак, е користен коктел од широкодостапни лекови со кои веќе се лекуваат деца заразени со ХИВ, пишува „Би-Би-Си“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top