| четврток, 6 декември 2018 |

Неродено бебе стана хит на социјалните мрежи

Една мајка останала без зборови кога го видела бебето на ултразвук, тоа го држело палецот нагоре, како да и кажува на мајка си дека се е во ред.

Откако таткото на бебето ја објави фотографијата на „Редит“, таа го обиколи целиот интернет.

– Ова дете е толку кул, а се уште не е родено – напишал еден корисник на интернет, додека други коментираат дека момчето сигурно ќе биде политичар или рок-ѕвезда.

Оние кои ја виделе сликата од ултразвукот, исто така, забележале дека ова бебе не е само. Мајката потврдила дека чека близнаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top