
Ракометарите на Вардар забележаа победа на гостувањето кај Војводина 26:21, прво коло во СЕХА лигата. Вардар во првото полувреме не беше убедлив, шампионот на Србија, екипата на Војводина првиот дел го реализираше со 12:10. Во второто полувреме, Вардар започна одлично, направи серија од 10:1 , го сврте резултатот во своја корист, на крај победи со 5 голови разлика, 26:21. Најефикасен во составот на Вардар беше Брумен со 6 голови, по четири пати во листата на стрелците се запишаа, Лацковиќ, Душебаев и Дибиров.
Во Сеха Лигата се сретнаа и Брест Мешков – Борац Бања Лука , меч во кој домакинот победи со 31:27 (16:14)
Во екипата на Брест Мешков најпрецизен беше Љубо Вукиќ, кој постигна 7 гола, а Рутенка додаде 5. Кај Борац, Тривунџа постигна 7, а Безбрадица и Обрадовиќ по 6.
Претходно се одиграни две средби:
Војводина – Веспрем 19:32 (9:13)
Металург – Татран Прешов 34:28 (14:14)
Во сабота во рамките на Сеха лигата ќе се сретнат Вардар и Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


