| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со победа ја стартуваше новата сезона во Сеха Лига

vardar

Ракометарите на Вардар забележаа победа на гостувањето кај Војводина 26:21, прво коло во СЕХА лигата. Вардар во првото полувреме не беше убедлив, шампионот на Србија, екипата на Војводина првиот дел го реализираше со 12:10. Во второто полувреме, Вардар започна одлично, направи серија од 10:1 , го сврте резултатот во своја корист, на крај победи со 5 голови разлика, 26:21. Најефикасен во составот на Вардар беше Брумен со 6 голови, по четири пати во листата на стрелците се запишаа, Лацковиќ, Душебаев и Дибиров.

Во Сеха Лигата се сретнаа и Брест Мешков – Борац Бања Лука , меч во кој домакинот победи со 31:27 (16:14)

Во екипата на Брест Мешков најпрецизен беше Љубо Вукиќ, кој постигна 7 гола, а Рутенка додаде 5. Кај Борац, Тривунџа постигна 7, а Безбрадица и Обрадовиќ по 6.

Претходно се одиграни две средби:

Војводина – Веспрем  19:32 (9:13)

Металург – Татран Прешов  34:28 (14:14)

Во сабота во рамките на Сеха лигата ќе се сретнат Вардар и Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top