| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Боске го објави списокот на Шпанците кои ќе играат против Македонија

Spanija Cile 01 (Custom)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Висенте Дел Боске, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против Македонија, што на 8 септември ќе се одигра во Валенсија. Ги нема веќе Чави Хернандез, Чаби Алонсо и Давид Вилја во редовите на „црвената фурија“, но Дел Боске и понатаму има на располагање фантастична селекција, со фудбалери кои настапуваат во најголемите европски гиганти.

Шпанските медиуми истакнуваат дека на реновираниот список ги нема Хуан Мата и Фернандо Торес, кои настапуваат во Премиер – лигата, Жерар Пике отсуствува поради повреда, а Диего Коста е на списокот, но се оглед дека е повреден, дополнително ќе се знае дали ќе може да настапи против Македонија. Нови имиња се голманот Касилја, потоа Сан Хозе, Раул Гарсија и Пако Алкасер.

Актуелниот европски првак Шпанија мисијата за одбрана на круната на Стариот континент низ квалификациите ја почнува токму со дуел против Македонија. Еве го списокот на повикани фудбалери на шпанскиот селектор Висенте Дел Боске:

голмани: Касилјас (Реал Мадрид), Де Геа (Манчестер ј.), Касилја (Еспањол)

одбрана: Карвахал (Реал Мадрид), Хуанфран (Атлетико Мадрид), Рамос (Реал Мадрид), Сан Хозе (Атлетик Б.), Албиол (Наполи), Бартра (Барселона), Алба (Барселона), Аспиликуета (Челси)

среден ред: Бускетс (Барселона), Казорла (Арсенал), Фабрегас (Челси), Итураспе (Атлетик Б.), Педро (Барселона), Иниеста (Барселона), Иско (Реал Мадрид), Давид Силва (Манчестер сити), Коке (Атлетико Мадрид).

напад: Раул Гарсија (Атлетико Мадрид), Диего Коста (Челси), Пако Алкасер (Валенсија)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top