Македонските судии ќе учат како да комуницираат со нивните колеги од судовите од земјите на Европската унија, на дводневнопт семинар на тема „Судска соработка во граѓанска материја во ЕУ“, кој беше отворен денеска во Скопје.
На семинарот, организиран од македонсакта Академија за судии и јавни обвинители и Европскиот центар за судии и правници од Луксембург, судии од Македонија и од Хрватска ќе разменат искуства за европската регулатива за меѓусебна правна помош во предмети од граѓанското право.
– Оваа област е од особено значење бидејќи овие регулативи на ЕУ наметнуваат да се воспостави отворена и директна соработка меѓу судовите, не само по дипломатски пат преку државите, туку и директно да соработуваат и таа соработка да биде што побрза и по непосредна, оценува директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска.
Предавачи се експерти од Грција, Унгарија и од Европскиот институт за јавна администрација од Луксембург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
СП 2018: Познати судиите за полуфиналните дуели на Мундијалот 2018
-
Повторно ќе ни суди истата двојка: Еве кои судии ги одреди ЕХФ за утрешниот дуел Македонија – Шпанија
-
Андреј Гушко и Сирхеј Репкин од Белорусија ќе судат на мечот меѓу Македонија и Германија