Македонија е на 20 минути од европското првенство 2015 година во кошарка. Подмладената генерација на селекторот Александар Џикиќ одлично го започна натпреварот со цврста одбрана и борба под двата коша со што остварија неколку офанзивни скокови. Брзо после само 4 минути игра направија разлика од девет поени (15-6). Белорусите не се откажаа прерано и со серија од брзи шест коша стигнаа на пристојна разлика од само четири поени (19-15). Со неколку измени селекторот ја освежи првата петорка и тоа вроди со плод. Костовски влезе во игра и ја забрза играта погоди две клучни тројки и повторно разлика се качи на девет поени.
Во втората четвртина испретурани петорки на двете страни доведоа до брзоплети акции и грешки во двата табора.
Дарко Соколов ја доведе Македонската репрезентација до највисоката предност од 11 поени (40-29). Сепак до финишот на првото полувреме Белорусија не се предаде и со петте поени во серија отиде на заслужен одмор со само шест поени разлика.
Со победа Македонија ќе се пласира на европското првенство 2015 година, а доколку победи со 25 разлика, ќе патува од првото место и можност да добие полесни противници во групата бидејќи Белгија победи победи во Данска со 77-63.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


