| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственик на локал го гризнал работникот бидејќи му побарал плата

Во Сомбор деновиве се случиј несекојдневен инцидент кога работникот Бојан Милиќ (26) во еден локал бил нападнат и гризнат за врат од сопственикот Златан А. Како што тврди семејството, келнерот од сопственикот на кафулето во центарот на градот си ја побарал платата, односно заостанатите дневници. На место тоа сопственикот го нападнал. Бојан се здобил со повредна во пределот на вратот во ширина од 6 сантиметри.На фејсбук се појавија и фотографии од повредите, а момчето повредите му биле санирани во болницата во С0омбор, примил посебни вакцини и се тестира од заразни болести.

Семејството наведува дека ја известиле и полицијата и обвинителството кое ќе води понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top