Фудбалерите на Лестер кои беа дел од ланскиот шампионски тим долго ќе го паметат и денешниот ден, добивајќи ги најавените премии што им беа купени од страна на претседателот Вихаи Сривдханапрабха.
Првиот човек на „лисиците“ веднаш по освоената титула најави дека секој од фудбалерите кои беа дел од оваа шампионска генерација ќе добие луксузен автомобил, BMW I8. Подароците стигнаа утрово, кога 19 вакви автомобили беа паркирани пред клупскиот стадион, по што играчите доаѓаа еден по еден и добиваа клучеви од возилата.
Останува само нејасно дали БМВ доби и Нголо Канте, кој летово си замина од Лестер и потпиша договор со Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
БМВ влета во столб под „Мост“, возилото целосно демолирано (ВИДЕО)
-
ФФМ: Досегашните испитувања не покажуваат знаци за труење со храна кај децата од Академијата