| четврток, 6 декември 2018 |

Измамник го купил Милан: Рудници нема, семејството му било во затвор, во Кина никој не го знае

Кога во април, Кинезот Јонг Ли, кој се претстави како милијардер, го презема Милан, навивачите на „росоњерите“ помислија дека славните денови на клубот наскоро ќе се вратат. Но за нив сега пристигнуваат лоши вести кои потрдуваат дека новиот сопственик на клубот всушност е измамник кој не располага со толкаво богатство како што самиот тврди.

„Њујорк Тајмс“ го објави своето истражување околу бизнисите на сопственикот на Милан, Јонг Ли и предизвика „земјотрес“ во Милано. Потврдено било дека неколку членови на неговото семејство биле во затвор поради измама, но исто така и дека рудниците, за кои тој тврди дека се негови, всушност биле фантомски, односно Ли немал никаков бизнис од таква природа.

Новинарите на американскиот медиум престојувале во Кина и дошле до истиот заклучок за кој што предупредувал и познатиот италијански тренер, Марчело Липи кој што порача дека во Кина „никој не слушнал за Ли“.

Исто така, било откриено дека седиштето на неговата компанија било празно. Засега не е јасно како тој успеал да позајми пари од „Елиот Фонд“, иако станува збор за голем инвестициски фонд кој што е „крупна ѕверка“ која што позајмува пари со огромни камати.

За сомнителните активности на пазарот кога е во прашање сопственикот на Милан неодамна проговори и првиот човек на Рома, Џејмс Палота кој што порача дека „Кинезите позајмиле огромни пари со големи камати“ и наскоро ќе се соочат со проблеми.

Дури и доколку Милан би обезбедил пласман во Лигата на шампионите идната сезона, тоа не значи дека клубот нема да излезе од лошата финансиска ситуација, па има шанси „Росоњерите“ ќе бидат принудени да продадат дел од своите најдобри фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top