| четврток, 6 декември 2018 |

Во строгите правила на УЕФА нема отстапки, РБ Лајпциг нема да игра во ЛШ

rb lajpcig

Германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг е вистински хит во Европа со своите игри, меѓутоа, нема да може да се претстави пред очите на европскиот фудбал ако обезбеди пласман во Лигата на шампионите поради строгите правила на УЕФА.

Имено, во правилникот на европската куќа на фудбалот стои дека еден сопственик, спонзор или организација може да има само еден клуб кој ќе биде дел од ЛШ.

Моментално, Лајпциг е на Дитрих Матешиц, човек кој го поседува и австриски Салцбург, кој многу веројатно ќе успее да се квалификува во најелитното европско натпреварување ако ја одбрани титулата во Австрија.

Така, првиот човек ќе мора да одлучува кој клуб ќе го прати во елитата, а медиумите велат дека неговиот избор многу веројатно ќе падне на Салцбург.

Лајпциг моментално е на второто место во Бундеслигата, зад Баерн Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top