| четврток, 6 декември 2018 |

Рокот за поднесување кандидатури продолжен до 8 март

Рокот за поднесување на кандидатските листи за градоначалници и советници на претстојните локални избори е продолжен до 8 март.

Денеска со 84 гласа „за“ и 1 глас „против“ Собранието го измени Изборниот законик и, во согласност со вчерашниот договор, го продолжи за 5 дена рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори.
Изборите ќе се одржат во претходно закажаниот термин – 24 март.

На денешната седница ДПА ја напушти работата на Собранието откако пратениците не се согласија да ја прекинат оваа седница и да почнат расправа за денешните нереди во Скопје, на кои, според ДПА, полицијата тепала и апсела само Албанци. Од партијата велат дека за утре во 13 часот имаат закажано седница на централното претседателство, по која ќе се знае дали партијата ќе се врати во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top