| четврток, 6 декември 2018 |

Сколс: Јунајтед ќе ја доживее судбината на Ливерпул

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Пол Сколс стравува за судбината на неговиот тим, поради лошиот старт во новата сезона од Премиерлигата.

По заминувањето од клупата на Сер Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед ланската сезона ја заврши на седмото место и остана без настап во еврокуповите.

– Се плашам за Јунајтед. Лошо ќе биде ако ја доживее судбината на Ливерпул од 90-те години, напиша Сколс во колумната за „Индепендент“.

Во овој преоден рок „црвените ѓаволи“ потрошија близу 100 милиони евра за три засилувања (Лук Шо, Андер Ерера и Маркос Рохо). Сколс притоа потенцира дека на тимот му се потребни пет играчи за да се стабилизира состојбата во тимот.

Манчестер Јунајтед во новата сезона стартуваше со нов менаџер Луј Ван Гал, но и тој почна со пораз. Сколс за Јунајтед одигра 499 натпревари и постигна 107 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top