Новото засилување на РК Вардар еден од најдобрите светски голмани Арпад Штербик го имаше своето деби меѓу стативите за новиот клуб на силниот меѓународен турнир во Струга.
Иако не се радуваше на освоениот турнир, Вардар загуби во финалето од Металург, публиката во Струга го поздрави со громогласен аплауз и го скандираше неговото име.
Во Струга тој даде интервију за специјализираниот портал за ракомет балкан-хендбол.ком
Поранешниот голман на Југовиќ, Веспрем, Суидад Реал и Барселона од оваа сезона ќе ги брани боите на РК Вардар со кого се обврза не четиригодишен договор кој со него и останатите засилувања посакува да се искачи на врвот на Европа.
На прашањето дали некогаш можел да се замисли во редовите на Вардар, Штербик одговори дека никогаш во својата кариера не погрешил кој клуб да го одбере.
– Ова е вистински потег во мојата кариера. Се работи за сериозен проект. Кога дојдов видов дека овде се е на врвно ниво, од управата па се до играчите. Од година во година се е подобро. Пред минатата сезона имав разговор со Вардар но решив да потпишам за Барселона. Минатото лето повторно се видов со сопственикот Самсоненко, но имав уште една година од договорот со Барселона. Седнавме да поразговараме на крајот од оваа сезона и лесно се договоривме – изјави Штебик.
– Вардар воопшто не заостанува од екипите во кои играв. Тимот се наоѓа во самиот врв на Европа. Ги имаме сите услови за работа, а ќе добиеме и сопствена сала. Екипата што ги има сите услови има и подобри резултати – додаде голманот од светски ранг.
Целото инервију со најголемото засилување на РК Вардар можете да го прочитате на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


