Гувернерот на Мисури наредил итно распоредување на припадниците на Националната гарда во предградието на Сент Луис, каде што веќе со денови беснеат немири. Насилствата на улиците во местото Фергусон толку излегле од контрола што локалните власти решиле да ја ангажираат војската во обид да ги стават под контрола демонстрантите.
Протестот по повод убиството на црномурестиот тинејџер Мајкл Браун (18) кој на 9 август беше застрелан од полицаецот Дарен Вилсон (28) прерасна во комплетен хаос во неделата навечер кога учесниците во протестите почнале да фрлаат молотови коктели врз полицијата, која возвратила со солзавци и гумени куршуми.
– поради планираните и координирани напади кои се се поинтензивни, испратив високо обучени мажи и жени од Националната гарда да се обидат да го вратат редот и мирот во нашата заедница. Грабежите и вандалското однесување претставува одраз на непочитување кон семејството на починатиот. Мораме веднаш да ставиме крај на тоа, рекол гувернерот Џеј Никсон.
Тензиите особено пораснаа по објавувањето на резултатите од аутопсијата која покажала дека Мајкл Браун е застрелан дури шест пати од што два метка се истрелани во неговата глава. Трагите на телото покажале дека полицаецот четири пати пукал во тинејџерот во десната рака и два пати во глава.
Патологот Мајкл Бејден навел дека куршумите најверојатно не се истрелани од близина затоа што на кожата нема траги од барут.
– Само еден од шесте куршуми направил пет рани. Минал низ лицето, излегол низ вилицата, а потоа завршил во клучната коска. Мајкл Браун сигурно не би преживеал дури ни веднаш да бил пренесен во болница, објаснил патологот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


