Во пресрет на вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Олимпијакос и Динамо Загреб во Атина се случува вистински хаос. Полицијата веќе два дена неможе да се справи со хлуганите на улиците кои предизвикуваат масовни инциденти и тепачки на сите страни од градот.
Во Атина се наоѓаат и дел до српската навивачка група „Делии“ кои заедно со домаќините „Гејт 7“ навивачите на Олимпијакос се во целосна офанзива за да ги најдат хулиганите на Динамо Загреб познатите „БББ“ за да можат визички да се пресметаат. Иако од Атина стигнуваат вести дека полицијата успеала да лоцира и уапси 41 навивач од Белград, сепак се случуваат иниденти.
Хрватите се потпомогнати од навивачите на Панатенаикос кој се жестоки ривали на хулиганите на Олимпијакос.
– Во близина на трговскиот центар Монастираки дојде до масовна тепачка во која учествуваа најмалку 60 лица. Сигурно имаше и повредени, но навивачите потоа се повлекоа секој на своја страна пред да дојде полицијата – јавуваат грчките медиуми.
За очекување е инцидентите да продолжат и во текот на денешниот ден, иако полицијат тврди дека е подготвена за сите можни сценарија, со оглед на искуството што го има од „жешките“ дерби дуели меѓу Панатинаикос и Олимпијакос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)