Европското првенство во Франција почнува вечерва со премиерниот натпревар меѓу домаќинот и Романија во 21 часот на „Стад де Франс“.
Иако официјално сеуште не се одиграл ниту еден натпревар, сите репрезентации се во своите бази во Франција, а со нив пристигнуваат и голем број на навивачи.
Тоа преставува и можни судири на дел од фановите, а први што направија проблем и го нарушија редот и мирот во Марсеј, како и секогаш се навивачите на Англија.
Според информациите, тие почнале да дивеат низ градот по што интервенирала полицијата, а навивачите подоцна влегле во тепачка и со нив.
За да ги смират, полицајците користеле солзавец и палки, но и тренирани кучиња кои ги нападнале хулиганите што фрлале со столчиња низ рестораните и кафулињата во Марсеј. Дел од тие 30-40 момчиња се уапсени и веројатно ќе бидат протерани во следните денови. Англиската Федерација на фудбалски навивачи утринава излезе со соопштение дека локалните жители ги провоцирале и затоа дошло до инцидентите.
Two arrested after England fans involved in Marseille clashes ahead of Euro 2016 kick-off https://t.co/9L0JzntneNhttps://t.co/aFRGpTKRAA
— ITV News (@itvnews) June 10, 2016
Интересно е тоа што и за време на Светското првенство пред 18 години во истиот град дивееја англиските навивачи и тогаш дојде до еден од најголемите инциденти таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.