Повеќе од 120 полицајци се повредени, а 86 демонстранти се приведени по одржувањето на левичарските немири во Берлин кои полицијата ги нарече „најагресивни во последните пет години“.
Демонстрантите фрлале камења, шишиња и петарди, уништувале автомобили и ги напаѓале полицајците, соопшти полицијата , пренесе „Асошиетед прес“.
Засега не е јасно колку се сериозно повредите на полицајците, како ни тоа дали има повредени демонстранти.
На левичарскиот собир кој почна синоќа и траеше до утринските часови учествуваа околу 3.500 демонстранти.
Левичарските активисти ги организираат протестите против полициската интервенција од минатиот месец против бесправно вселените станари во зградите во источниот дел од Берлин, наведува „Асошиетед прес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)