| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачи ги нападнале вработените и искршиле бензиска на Стража

Вчера наутро околу 09,50 часот на бензиската пумпа „Лук Оил“ лоцирана на Стража, поголема група најверојатно фудбалски навивачи кои пристигнале со автобуси го нарушиле јавниот ред и мир, информира МВР.

Навивачите физички нападнале четири вработени лица и искршиле дел од инвентарот на бензиската пумпа по што влегле во автобусите и го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top