Вечерва со почеток во 20.30 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“ ќе се одржи концерт на кој ќе настапат КУД „Анка Ошпух“ од Лудбрег, Хрватска и КУД ,,Мирче Ацев“ – Прилеп. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето, а друштвата ќе се претстават со дел од нивниот богат репертоар на хрватски песни и ора и на македонски ора.
КУД „Анка Ошпух“ работи од 1976 година, откако се собрале жените од лудбрешките фабрики и го формирале друштвото. Најпрво профункционирала фолклорната секција, па тамбурашите, пејачката група, а потоа драмската, ритмичката и женската вокална група „Пајдашици“. Низ друштвото досега поминале над 2000 граѓани од Лудбрег и околината. Денеска брои 130 члена, додека фолклорниот ансамбл го сочинуваат стандардно 20 играорци. Досега друштвото гостувало во Германија, Италија, Чешка, Унгарија, Австрија, а трипати било дел од Светскиот фолклорен феситвал во францускиот град Хаген. Гостувале и на „Охридско лето“. Ансамблот игра, игри од сите краеви на Хрватска, до Загорје, Подравина, Славонија, до Лика и Далмација. Друштвото има богат фонд на комплетни носии со вредни инструменти.
КУД”Мирче Ацев” КУД”Мирче Ацев” е прилепски амбасадор, кој низ годините го промовира македонскиот фолклор и традиција низ светот. Формирано е 1947 година и во текот на досегашното постоење илјадниците играорци дале преку 3500 концерти не само во Македонија, туку и во странство. Ансамблот, кој работи под раководство на Атанас Гагалески, гостувал речиси на сите континенти во светот, презентирајќи го македонскиот филклор. За одбележување се освоените први места во Ланголен – Англија, Миделкерке во Белгија, Овидео- Шпанија, во Ница- Франција, настапите во Полска, Мароко, Франција, Бугарија, Германија, Данска, Албанија, Турција, Хрватска, Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исчезнато 21 – годишно момче од Прилеп
-
Ако е зачуван јазикот и идентитетот – македонски, зошто во Брисел сме латинично makedonski, а не macedonian?
-
Летале шишиња и тупаници, масовна тепачка среде бел ден во центарот на Прилеп
-
Нехигиената стана атракција во Прилеп: Дали странски туристи со кофи ловат жаби во прилепските фонтани? (галерија)