Во Брисел денеска е македонскиот тим предводен од вицепремиерот, Бујар Османи и министерката за правда, Рената Дескоска. Практично со оваа прва средба почнува скенирањето на Македонија по области, по што во јуни следната година ЕУ треба да донесе одлука дали ќе прецизира датум за почеток на преговори.
И се ќе беше во ред доколку на таблата македонскиот јазик беше напишан како македонски, односно со англиски превод, macedonian. Но, наместо macedonian македонскиот јазик е напишан makedonski, или само на латиница.
На македонската јавност цело време и се кажува пак дека јазикот и индентитетот се зачувани, дали после ова денес во Брисел, навистина е зачуван?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.