Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, е назначен за нов спортски директор на Вардар, јавуваат дел од македонските медиуми.
Седлоски минатата сезона беше тренер на Хоризонт Турново, а во Вардар доаѓа на местото на Ѓоко Хаџиевски.
Екс-репрезентативецот на Македонија со своето огромно искуство ќе се обиде да му помогне на Вардар во остварување на големите амбиции на домашен и меѓународен план.
Седлоски во својата кариера настапуваше за Победа, Хајдук, Шефилд Венсдеј, Динамо Загреб, Вегалта, Дијарбакир и Матерсбург, а за македонската репрезентација одигра 100 натпревари и постигна 8 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.