| четврток, 6 декември 2018 |

Во Газа среде пукотниците се роди четворка

четворка

Една Палестинка родила четири деца во средата во Појасот Газа каде што веќе со недели беснее нова војна, пренесува „Еј-Би-Си њуз“.

Доктор Басел Абуварда поставил фотографија од новороденчињата во инкубатор на Твитер.

Неименуваната мајка од местата Рафах, блиску до јужниот дел од регионот Газа, родила три момчиња и едно девојче.

И мајката и бебињaта се здрави, но бебињата мораат извесно време да бидат во инкубатор. Бебињата дошле на свет во болницата каде што лeжат голем број повредени Палестинци.

Најмалку 1.390 лица загинаа во Газа, а повеќе од 8.000 се повредени во текот на тринеделниот судир на израелската војска и Хамас, соопштило палестинското Министерство за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top