Во некои медиуми се појавија написи во кои се повикува на анонимни сведоци дека бебето го зеле патници од друго возило и починало поради медицинска негрижа. Ваквите неетички тврдења ги демантираат стручните тимови кои во возила на Брза помош во најкус можен рок ги транспортирале сите повредени во велешката, а девојката од Ниш во гевгелиската болница.
Починатото осуммесечно бебе Андрија, синчето на Драган и Марија Маринковиќ, во велешката болница било донесено со возило на Итната медицинска помош од Неготино. Лекар во раце му го предал безживотното тело на бебето на хирургот – трауматолог Филип Тодоровски, дежурен лекар на одделението во велешката болница.
Лекарите уште еднаш се обиделе Андрија да го вратат во живот, но, за жал, не успеале. Ова е официјалната информација на портпаролката на болницата во Велес, д-р Силвана Мишкова, каде што првично беа примени и реанимирани уште шестмина повредени српски државјани во тешката сообраќајка што се случи во понеделникот кај Удово, објави „Канал 5“.
– Како што дознаваме од Итната медицинска помош во Валандово, нивното амбулантно возило последно стигнало на местото на несреќата. Претходно повредените веќе биле транспортирани кон Велес. Ова се официјалните информации на медицинските служби во Македонија, наспроти пишувањата на српските веб-сајтови за покажаната негрижа на македонските здравствени институции и работници – јавува телевизијата.
Лекарите од Ургентниот центар во Скопје сѐ уште се борат за животот на тешко повредените, мајка и чичко на Андрија. Триесетгодишната Марија и 23-годишниот Никола сѐ уште се во критична состојба. Во стабилна состојба е постарото братче на Андрија, петгодишниот Матија. Најлесно повреден е само таткото Драган Маринковиќ . Возачот на „фиестата“, кој ја предизвикал несреќата, се лекува во болницата „8 Септември“ и е под полициски надзор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)



