1. Обавезно проверете ги сите можни извори на купување на билети и пресметајте што ќе ве кошта најефтино.
2. Редовно проверувајте ги на интернет понудите со попусти и искористете ги пред да поминат.
3. Споредете ги цените на организираното патување преку агенција и онаа во која ќе бидете свој водич и изберете ја поповолната опција.
4. Откако ќе пристигнете на вашата посакувана дестинација, проверете ја околината и како најдобро можете да заштедите време и пари.
5. Не бидете премногу пребирливи околу сместувањето. Најважно е тоа да е уреден и мирен престој, кој ќе ви овозможи да сте блиску до она што ви е поважно – центарот на градот за ноќните забави или плажата.
6. Носете малку багаж и рационално спакувајте се.
7. Ако е можно, патувајте во групи и така заштедете на патните трошоци.
8. Јадете на места каде што јадат и локалните жители или кај што е најмногу гужва. Можеби ќе почекате на услугата, но барем ќе знаете дека таму е поефтино, а производите редовно се обновуваат.
9. Патувајтр пред или на крајот на сезоната, така избегнете ја гужвата и заштедете на сместување.
10. Имајте на ум колку пари имате и што може да си дозволите, но во никој случај не заборавајте да уживате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


