| четврток, 6 декември 2018 |

Денес е денот на возење без пантолони

Денес се слави 13-годишнината на денот без пантолони, во метроата низ светот, во кој илјадници земаа учество. Без оглед на студеното време, многумина се решија да ги соблечат панталоните, како да е најнормално нешто на светот. Нивната цел е да влезат во метрото без панталони и да се однесуваат како се да е нормално.

Учесниците во ова лудо возење се однесуваат како да не се познаваат меѓу себе, а покрај тоа што немаат панталони, тие се облечени сосема нормално во зимска облека. Овој ден, покрај во Лондон, се прославува и во Њујорк, Сиднеј, Софија, Шангај, Стокхолм и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top