| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас во Рим: Воз влечеше жена, торбата и’ се закачила на врата (видео)

Видеото од римското метро го шокира светот. Страшната сцена кога возот во метрото тргнува влечејќи жена на последниот вагон ги згрози многумина.

Наталија Гаркович од Белорусија носела торба во десната рака кога влегла во возот, но набргу се предомислува и зачекорува наназад, кога вратата при затворање ја приклештува. Возот потоа ја повлекува на општ ужас на присутните на станицата. Неколкумина безуспешно се обидуваат да ја извлечат додека други се обидуваат да му кажат на машиновозачот.

Жената успева да преживее откако се „залепува“ до возот што е можно поблиску , додека патниците во вагонот на сите начини се обидуваат да и помогнат. Еден од нив се обидел да го застане возот со рачната кочница во вагонот но не успева во тоа. Патниците во еден момент на сила успеваат да ја отворат вратата, а жената влетува внатре.

Возот запира дури на следната станица и дури тогаш машиновозачот разбира што се случило. Веднаш го сопрел сообраќајот и повикал спасувачки екипи.

Жената е хоспитализирана со тешки повреди и е оперирана на карлицата и лицето. Адвокатот на машиновозачот изјавил дека неговиот клиент е целосно поразен по случајот. Тој е суспендиран и против него се води истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top