1. После седење, предната страна е истуткана
Наборите на предната на шорцевите е тешко да се избегне во целост, но ако избереш материјали како чипка, кепер или памук со еластин ќе имате помалку вакви проблеми.
2. Наутро стојат совршено, попладне се веќе обесени и изгледаат еден број поголеми
Решението за овој проблем, исто така, лежи во изборот на материјали кои не се растегнуваат. Тексасот со еластин многу подобро ја држи формата од обичниот тексас, која се растегнува.
3. Под пастелните шорцеви се познава вешот
Наместо танга гаќички или обична долна облека, носи гаќички во кожа боја без рабови.
4. Панталоните во кои задникот ви е совршен, ви се широки во половината, а оние кои се добри во струкот, не можете ни да ги навлечете
Купете поголема големина на шорцеви и гледајте тие да ви легнат совршено на колковите и на задникот, а потоа посетете шивачка која ќе ја стесни половината.
5. Постојано се креваат
Ако шорцевите постојано се креваат, тогаш тоа е погрешен модел за вашата градба. Панталоните мора да одговараат во струкот, а потоа да паѓаат надолу. Ако се премногу тесни, постојано ќе се креваат, а тоа ниту е удобно, ниту пак изгледа убаво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст