| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба: Сообраќајниот систем во Њујорк пред колапс

Поради големите проблеми и застарената инфраструктура, гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, прогласи вонредна состојба во транспортниот систем на градот Њујорк.

Куомо рече дека вонредната состојба ќе помогне побрзо да дојде до подобрување во функционирањето на сообраќајниот систем во Њујорк.

Лошата услуга и одлагањето на тргнувањата се сѐ почести во њујоршкото метро, во кој во вторникот десетици луѓе се повредени кога воз излезе од шините.

Куомо додаде дека патниците би можеле да доживеат „пеколно лето“, но дека за јавниот градски превоз имаат и алтернатива, како траекти, експрес автобуси и возови на железницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top