| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Митрески нов тим-менаџер на Шкендија

Поранешниот македонски репрезентативец Игор Митрески ја заврши фудбалската кариера, а веќе се договори со Шкендија и ќе биде нов тим-менаџер на тимот од Тетово.

Митрески има 70 настапи за Македонија и богата домашна и интернационална кариера. На 35 години одлучи да престане со активното играње фудбал, а настапуваше за Силекс во домашната Прва лига, за потоа да замине во странство. Беше член на Спартак Москва, Металург Запорожје, Беитар, Котбус, ЦСКА Софија, а последните 4 сезони играше за азербејџанскиот клуб Нефчи од Баку.

Во Шкендија ќе биде тим-менаџер во координација со спортскиот директор од Швајцарија Матијас Валтер кој ќе ја задржи функцијата спортски директор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top