| четврток, 6 декември 2018 |

Брегар: Се надевам дека проектот Вардар СЦБТ долго ќе трае

uros-bregar

Словенечкиот интернет портал „Сиол“ направи профил на Урош Брегар, Словенецот кој на почетокот на 2014 години дојде како засилување на стручниот тим на ЖРК Вардар СЦБТ.

Во текстот за Вардар СЦБТ се вели дека е европски гигант, а Брегар работата во македонскиот шампион ја смета за едно прекрасно искуство за кое се надева дека ќе трае.

– Сергеј Самсоненко е вистински ентузијаст. Секогаш е вклучен во работата на машкиот и на женскиот тим, доаѓа на тренинзи, сака да ја следи работата. Се надевам дека овој проект ќе трае колку што е можно подолго, вели Брегар.

„Сиол“ пишува и за звучните ракометарки кои станаа заштитен знак на Вардар СЦБТ, но и за новите засилувања, кои дојдоа токму од Словенија.

– Во тимот не недостигаат и ѕвезди од светска класа. Посебна миленичка е Андреа Лекиќ, која дојде во Скопје како европски првак. Минатата сезона Вардар заврши трет во Европа, а во новата, која ќе почне за неколку недели, ќе биде посилен за поранешните ракометарки на Крим, Барбара Лазовиќ и Андреа Пенезиќ. Со нив, „црвено – црниот“ тим има амбициозни планови, а главната цел е освојување на Лигата на шампионите, пишува авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top