| четврток, 6 декември 2018 |

Кајл ги прокоцка парите од фудбалот, па работи како магационер на брод

Приказната на Кевин Кајл, кој сега работи како магационер на брод, ја прикажува и „црната“ страна на фудбалот, на богатството што може да се заработи од најважната споредна работа на светот.

Поранешниот играч во Премиерлигата во дресот на Сандерленд и репрезентативец на Шкотска заработуваше по 10 илјади фунти неделно, но ги прокоцка парите и сега работи смена од 12 часа на бродот „Реџина Балтика“ како магационер. Го плаќаат по 400 фунти неделно што е за 25 пати помалку од поранешната фудбалска плата.

кајл

Кајл беше страствен коцкар, според сопственото признание трошел и по 30 илјади фунти месечно на спортско обложување, па сега мора да работи како магационер.

Во Премиерлигата во Англија има 39 настапи и постигна еден гол, исто колку и за Шкотска во десетте натпревари што ги одигра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top