Македонската кошаркарска репрезентација имаше нов успешен тест во Охрид на подготовките пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП следната година, а победена е и Романија со двоцифрена разлика. Вечерва славевме со 75-56 и утре против Грузија ќе играме за првото место.
Со фуриозен старт против Романците избраниците на новиот селектор Џикиќ покажаа дека се многу поквалитетни од ривалот и првиот период хго добија со 21-13. Во продолжението дојде до мал пад, гостите возвратија со прецизен удар од далечина и на одмор заминаа со само еден поен негатива, 35-36.
Во второто полувреме се разигра Бојан Трајковски, кој беше најефикасен на мечот со 22 поени и Македонија лесно го доби дуелот со Романија. Новиот натурализиран Македонец од САД, Хендрикс постигна 8 поени, колку штио имаа и Костоски и Дамјан Стојановски.
Утре против Грузија ќе играме од 20,30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


