| четврток, 6 декември 2018 |

Секси ракометарот на Вардар на плажа со секси плавуша (фото)

Македонките побудалеа по него и беа редовни на трибините додека Вардар настапуваше во Сеха-лигата и во ракометната Лига на шампиони. А, тој скрши многу срца објавувајќи фотографија со секси девојка со танга на плажа. Дваесет и шестгодишниот Хрват, ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, летово ги полни батериите за нови настапи со клубот. На „Фејсбук“ се појави фотографијата со секси девојката, но Карачиќ не откри која е мистериозната згодна плавуша со него.

Тој неодамна изјави дека не е во врска, по прекинот на долгата врска неколку месеци беше сам. Очигледно некои работи се промениле кај него.

– Македонките се преубави, но немаме многу време за излегување, во слободно време од она што сум можел да забележам, имам само пофални зборови. Не сум женкар, не се сметам за таков, јас сум многу опуштен човек и едноставно уживам во сè што животот ми дава. Сакам да сум друштвен, да се дружам – велеше тој во едно интервју и додаде:

– Сигурно дека прво што ќе го забележиш е добриот изглед, а точно е дека сум имал и многу убави девојки. Сепак, ќе кажам дека најважно е девојката што поседува во себе. Сакам отпуштени девојки, сакам девојки кои не им е важно само што другите мислат за нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top