| четврток, 6 декември 2018 |

Сакала да го посвои, ама го вратила бидејќи многу плачел!

дом

Романската манекенка Моника Колумбеану (26) го земала со намера да го посвои, Алекс Габриел (3), но го вратила во домот по една ноќ помината во нејзината вила.
При поднесување на барањето за усвојување, Моника рекла дека сака на момчето да му пружи живот во кој тој ќе има сѐ, пренесува „Дејли меил“. Како што наведуваат локалните медиуми, манекенката го вратила момчето бидејќи не можела да спие од неговиот плач.
Стефан Кристофор, бизнисмен од Букурешт кој ја води хуманата програма за помош на деца без родители, потврдил дека организирале состанок на Алекс и Моника.
– Моника сакаше да го помине викендот со момчето кое сакаше да го посвои. Меѓутоа, детето не престанувало да плаче. Вечерта кога го ставила да спие, почнал да плаче и не можел да заспие. Следниот ден го вратила во домот. Процесот за усовјување едноставно е стопиран бидејќи таа веќе не го сакаше детето – изјавиле од домот.
Моника го привлекла вниманието на јавноста уште кога имала 18 години, бидејќи се омажила за милионерот Иринел Колумбеану, кој тогаш имал 56 години.
дом 2

Таа после се развела од сопругот, но сѐ уште е под будното око на јавноста поради богатите љубовници. Според романските медиуми, нејзното сегашно момче ѝ подарило автомобил од околу 113.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top