| четврток, 6 декември 2018 |

Зоолошката градина доби ново едукативно катче (галерија)

Од стари гуми, пластични шишиња и други стари предмети тимот на детската градинка користејќи ја својата креативност успеа да направи катче во кое ќе уживаат дечињата.

zoo-skopje-i-gradinka-rosica-19-288x480

zoo-skopje-i-gradinka-rosica-16-480x288

Изработени се жирафа, зебра, мечка, мајмун и многу други животни од стар материјал кои ќе можат да ги видат дечињата доколку го посетат ова катче.

zoo-skopje-i-gradinka-rosica-20-288x480

zoo-skopje-i-gradinka-rosica-23-480x288

zoo-skopje-i-gradinka-rosica-13-288x480

– Ова не е почеток, туку дел е од низата проекти на соработка на „Росица“ и ЗОО Скопје, но е нов почеток и поттик на едно ново место да се преточат идеите и на другите градинки, на поголем простор, бидејќи Едукативниот центар стана претесен, за онаа што како резултат на разни афинитети истражувања се твореше, а е вредно повеќе кога ќе се сподели и види од повеќе генарции, родители, посетители – истакна директорката на ЗОО Скопје, Тања Стаменов.

zoo-skopje-i-gradinka-rosica-2-480x288

Како што посочи директорката Стаменов, очекуваат ова катче да биде место на истажување, уметност, креативност, на вештите рачиња на децата, воспитувачите, наставниците, родителите.

zoo-skopje-i-gradinka-rosica-15-480x288

Директорката на градинката „Росица“, Ана Серафимовска, истакна дека изработка на овие животни од стари предмети траела околу месец и пол и посочи дека се надева дека и останатите детски градинки ќе го следат нивниот пример.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top