Од стари гуми, пластични шишиња и други стари предмети тимот на детската градинка користејќи ја својата креативност успеа да направи катче во кое ќе уживаат дечињата.


Изработени се жирафа, зебра, мечка, мајмун и многу други животни од стар материјал кои ќе можат да ги видат дечињата доколку го посетат ова катче.



– Ова не е почеток, туку дел е од низата проекти на соработка на „Росица“ и ЗОО Скопје, но е нов почеток и поттик на едно ново место да се преточат идеите и на другите градинки, на поголем простор, бидејќи Едукативниот центар стана претесен, за онаа што како резултат на разни афинитети истражувања се твореше, а е вредно повеќе кога ќе се сподели и види од повеќе генарции, родители, посетители – истакна директорката на ЗОО Скопје, Тања Стаменов.

Како што посочи директорката Стаменов, очекуваат ова катче да биде место на истажување, уметност, креативност, на вештите рачиња на децата, воспитувачите, наставниците, родителите.

Директорката на градинката „Росица“, Ана Серафимовска, истакна дека изработка на овие животни од стари предмети траела околу месец и пол и посочи дека се надева дека и останатите детски градинки ќе го следат нивниот пример.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


